Mamma Mia: Ова е Марадона или Кварадона? Неапол во транс, титулата веќе е под Везув! (ВИДЕО)

2858

Како што опишаа колегите од српски Моцарт…“Чича – Квича готова је прича“.

Да, Квича Кварацкелија вечерва го “запали“ Неапол. Наполитанците чекаат повеќе од три децении да видат еден таков дриблинг и гол уште од времето на Диего Марадона, и вечерва дојде тој момент.

Квича Кварацкелија во 60.минута ги фрли во транс фановите на Наполи. Грузиецот или Кварадина просто ја „измеша“ одбраната на Аталанта во стилот на Марадона и погоди за 1:0.

Каков гол, фантазија….сите на стадинот “Диего Марадона“ останаа со подзинати усти…само успеаја да изустат…

MAMMA MIA!

Во таа победа од 2:0 свој учество имаше и Дијаманот со асистенција.

Браво и за Елиф Елмас.

И нема дилеми веќе, по цели три децении и нешто повеќе Неапол ќе слави титула…

Секоја чест.

ПретходноРаботнички лесно со Академија ФМП, Феникс доцна се разбуди во Кавадарци (ФОТО)
СледноБраво за Македонецот: Дориан Бабунски прогласен за играч на месецот во Унгарија! (ФОТО)