Како што опишаа колегите од српски Моцарт…“Чича – Квича готова је прича“.
Да, Квича Кварацкелија вечерва го “запали“ Неапол. Наполитанците чекаат повеќе од три децении да видат еден таков дриблинг и гол уште од времето на Диего Марадона, и вечерва дојде тој момент.
Квича Кварацкелија во 60.минута ги фрли во транс фановите на Наполи. Грузиецот или Кварадина просто ја „измеша“ одбраната на Аталанта во стилот на Марадона и погоди за 1:0.
Каков гол, фантазија….сите на стадинот “Диего Марадона“ останаа со подзинати усти…само успеаја да изустат…
MAMMA MIA!
Во таа победа од 2:0 свој учество имаше и Дијаманот со асистенција.
Браво и за Елиф Елмас.
И нема дилеми веќе, по цели три децении и нешто повеќе Неапол ќе слави титула…
Секоја чест.
Stop that Kvaratskhelia. pic.twitter.com/Gx8rReWnhu
— Stop That Football (@stopthatfooty) March 11, 2023