Oсум гола на баварскиот дуел, победата ја однесе Баерн

101

Во 24 коло на Бундес лигата се одигра баварското дерби помеѓу Баерн и Аугзбург. Соседите се пресметаа на „Алијанц арената“, а очекувано триумфираше Баерн со 5:3. Интересно, гостите преку Бериша во 3. минута дојдоа во предност, меѓутоа Кансело со својот прв гол за Баерн го изедначи резултатот. Следуваа два гола на Бенжамин Павар, кој го играше 150 меч за „баварците“ и еден на Сане за 4:1 на полувреме.

Во 60 минута Бериша од пенал намали, па Алфонсо Дејвис зголеми на 5:2, а конечните 5:3 ги постави Кардона во 90 минута.

РБ Лајпциг го победи Борусија Менхенгладбах со 3:0 со голови на Вернер, Форсберг и Гвардиол, сите во второто полувреме.

Инаку Борусија промаши пенал при резултат 0:0, а да погодеше мечот можеби ќе отидеше во друг правец. Статистиката покажува дека тоа е 74. промашен пенал на Менхенгладбах во историјата на Бундес лигата, само Вердер со 75 има повеќе промашени пенали.

На другите мечеви: Ајнтрахт – Штутгарт 1:1 и Херта – Мајнц 1:1.

ПретходноЧелзи триумфално во Лестер, а Евертон освои важни бодови во борбата за опстанок
СледноГостивар победнички низ Струмица, „страшен“ дабл-дабл на Корсантиа!