Воска и Гостивар одиграа 0:0 за Вардар

1411

Во дербито од новото коло од ВМФЛ шампионатот, предмалку екипите на Воска и Гостивар во Охрид одиграа 0:0, и на тој начин самите себеси, и двата тима си направија „мечкина услуга“. И двата тима се во „мртва трка“ за пласман во ПМФЛ шампионатот, и со поделбата на подовите го ставија сега Вардар во пол позиција за лидерското место. Секако, Вардар утре треба да го совлада Караорман на свој терен, за да има веќе и опиплива предност пред конкурентите на табелата.

Дербито мина во тензична но релативно спортска атмосфера ако се изземат неколку мини дуели со повисок тон што се вели. Реално, Воска имаше и повеќе од играта, доминираше на теренот, имаше и шанси но истите не ги искористи.

Детонит на гости го изненади Арсими, Беласица по шокирачките настани во Скопје против Пехчево се рехабилитираше со домашен триумф против Саса.

Пелистер на најдобар можен начин успеа да покаже дека е и натаму најсериозен претендент за пласман во ПМФЛ триумфирајќи на домашен терен со 3:0 против Охрид.

 

Резултати:

Воска – Гостивар 0:0

Беласица – Каменица Саса 2:0

Арсими – Детонит 0:1

Пелистер – Охрид 3:0

Кожуф – Борец 1:1

 

ПретходноСилекс преку Ѓорѓиевски го „скрши“ Скопје (ВИДЕО)
СледноДориан Бабунски за триумф на Дебрецин (ВИДЕО)