Наинголан: Можам да испијам 20 чаши алкохол и потоа да играм фудбал без проблем

1308

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан зборуваше за своите поминати денови во Рома, Интер, Каљари и сега во СПАЛ. Тој важи за проблематичен фудбалер, па во клубовите за кои играше секогаш правеше проблеми. Во Италија беше виден со алкохол и со цигари, но тоа не му пречеше да игра ниту му беше гајле за коментарите упатени кон него.

Се жртвував за да станам фудбалер и сега уживам во животот. Во секој клуб правев проблеми, особено во Рома. Доцнев на тренинзите и имаше снимки на кои се гледаше дека не сум присебен. Нема да го заборавам дочекот за Нова Година во мојот дом во Рим, тоа беше најлуда ноќ. Се појавија снимки како сум пијан, како пушам и како изговарам непристојни зборови. Тоа го обиколи светот, во рома беа бесни и беа во право.

Валтер Сабатини како директор зборуваше за моите пијанства, но не беше во право. Тој рече дека можам да испијам осум чаши алкохол и да играм наредниот ден. Осум чаши се малку, можам да испијам 20 и потоа да играм без проблем. Сабатини многу ме сакаше, ме советуваше да имам помирен живот за да имам подобра кариера. Сепак, не се согласував со него, бидејќи на теренот секогаш го давав најдоброто“, вели Наинголан во интервју за „Кориере дело Спорт“.

 

ПретходноКако судија може да биде играч на мечот!? Тоа го знаат Качевски и другарите!!!
СледноЧелзи триумфално во Лестер, а Евертон освои важни бодови во борбата за опстанок