Одермат најдобар на велеслаломот во Крањска Гора

41

Марко Одермат е победник на саботниот велеслалом во Крањска Гора, откако беше прв по првото возење, а истото го направи и во второто. Фантастиниот Швајцарец потврди дека е во извонредна форма во финишот на сезоната.

Одермат оствари време од 2:16.65 минути, оставајќи го зад себе Французинот Алексис Пинтуро, кој беше петти по првото возење, но потоа стигна до подиумот со фантастично второ возење. На крајот заостануваше 23 стотинки зад Швајцарецот.

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен беше трет, како и по првото возење, со аостанување од 37 стотинки.

Утре ќе се вози нова трка во Крањска Гора.

ПретходноТФТ имаше сили само за едно полувреме против лидерот во АБА 2 лигата
СледноДавид Тошевски постигна гол за Ростов 2: Ќе докажам дека сум способен за големи нешта