Федералното обвинителство на Бразил во последните денови од февруари го поддржа апсењето на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо за да ја отслужи 9-годишната затворска казна во татковината. Тој беше осуден од италијанските власти за вмешаност во групно силување во 2013 година, но тој беше во Бразил кога беше донесена пресудата, па Бразил не сака да го екстрадира како свој граѓанин.
Бразилските власти издадоа налог за апсење, но од Робињо нема ни трага ни глас. Засега никој не знае каде се наоѓа поранешниот играч на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити: Полицијата објави дека не успеала да го пронајде на домашна адреса и трагата по него.