“Бомба“: Наскоро Халанд и Мбапе во ист тим, ама не во Реал Мадрид!

2496

Фикција или не? Напад од соништата, а во него Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Зарем е можно?

Е, па можно е кога станува збор за пребогатите шеици од Катар и газди на ПСЖ.

Имено тие имале желба за наредната сезона во нападот да го имаат покрај Мбапе, сега и Халанд, и за тоа биле подготвени на Сити да му исплатат 200 милиони евра отштета за да го добијат Норвежанецот.

Планот понатаму бил да се “ослободат“ од Меси и Нејмар, а во средниот ред да ангажираат неколку квалитетни играчи за врска, и со таков тим следната сезона конечно да го освојат „ушлето“ во ЛШ.

Сепак, за ова се прашува и Дон Флорентино Перез. Секако дека Реал Мадрид нема да седи со скрстени раце. Посебно ако се знае дека и Халанд и Мбапе се големи желби на “кралевите“.

ПретходноКога некој ќе ти даде 193 милиони долари: Литри алкохол, танчерки во скут, расфрлени пари по подот…и бакшиш од 50.000 долари!
СледноПознато е што бара Меси за да остане во ПСЖ!