Со денешната победа на велеслаломот во словенечка Крањска Гора, Марко Одермат и официјално стана старо нов светски шампион во велеслалом.
Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:20.91 минути што беше за 32 стотинки подобро од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристоферсе. Подиумот го надополни Французинот Алексис Пантуро со заостанување од 70 стоти делови од секундата зад времето на победникот.
Ако на ова се додаде титулата и во супер џи како и во севкупниот плсман тоа дефинитивно значи дека Одермат е во моментов број еден скијач во светот.