Шампионот се врати на Чаир, се вратија и победите, сега е на -2 зад Струга ТЛ, Работнички тотално немоќен! (ФОТО)

314

Конечно, по пауза од три меча на кои освои само еден бод, Шкупи им се врати на победите. Требаше шампионот да се врати на Чаир за да ете, конечно одигра како што треба и тоа без Гоце Седлоски на клупата кој ја одработуваше суспензијата од пет жолти картони.

Во битката за Скопје, чаирчани просто го декласираа играчки Работнички, реално резултатот требеше да биде барем 6:2 или уште повеќе, а не 3:1. Ако не беше Алексовски на голот на гостите, тие ќе доживеаја вистинска катастрофа и тоа само во првиот дел.

Инаку во продолжение Шкупи одигра рутински, едноставно не сакаше да се троши непотребно. Работнички и во тие моменти беше тотално немоќн. Со оваа победа и со ремито во Струга, шампионот сега е само на -2 зад лидерот.

Тука е и Шкендија, а табелата на врвот ова го вели:

Струга ТЛ 43, Шкупи 41, Шкендија 38 бодови…во секој случај битката за титулата допрва ќе се разгорува, ќе биде супер интересно.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноКикс на Сосиедад кај Мајорка
СледноБарди стартер, Манев резерва во победата на Трабзон над Адана