Баерн ги победи во голијадата, па по мечот го „пецнаа“ ПСЖ!

151

Баерн Минхен го задржа водството во Бундес-лигата совладувајќи го Аугсбург со 5:3 на домашен терен во 24. коло. Баварскиот гигант ја забележа 15-та победа од почетокот на првенството и е прв на табелата со 52 бода, два повеќе од Борусија Дортмунд. Од друга страна, Аугсбург е на 13. позиција со 27 бодови.

По оваа средба Аугсбург со „пецна“ ПСЖ на „Твитер“ потенцирајќи дека трите гола против Баерн не се мала работа, објавија фотографија со бројот 0 покрај Нејмар, Мбапе и Меси, односно ПСЖ, а покрај Аугсбург број 3. Тоа јасно алудира на бројот на постигнати голови на натпреварите против Баварците.

 

Фото: Аугсбург/Твитер

ПретходноВМФЛ: Вардар го “мерка“ лидерското место
СледноПромени во составот: Лазаров одбра за реваншот со Португалија!