Во исклучителна фудбалска драма, Барселона со минимални 1:0 славеше на „Сан Мамеш“ во Билбао против екипата на Атлетик и ја задржа предноста од 9 бодат пред Реал (М) на врвот на табелата во Ла Лига. Каталонците дојдоа до победата благодарение на голот на Рафиња постигнат во судиското надополнување од првиот дел, а домашните во неверојатна драма во финишот не успеаја да се изборат барем за реми.
Најпрво Инакуи Вилијамс во 88. минута ја погоди мрежата на Тер Штеген, по што се огласи ВАР и го поништи голот поради игра со рака на Муниаин. Во судиското продолжение домашните имаа уште две 100% шанси во ист напад, но Барселона успеа да се одбрани на неверојатен начин.
Првиот удар на Берчиче, Тер Штеген успеа да го одбрани, по што следуваше еден волеј на Гурузета, кој Маркос Алонсо со глава успеа да го одбрани непосредно пред гол линијата.