Фикција или не? Напад од соништата, а во него Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Зарем е можно?
Е, па можно е кога станува збор за пребогатите шеици од Катар и газди на ПСЖ.
Имено тие имале желба за наредната сезона во нападот да го имаат покрај Мбапе, сега и Халанд, и за тоа биле подготвени на Сити да му исплатат 200 милиони евра отштета за да го добијат Норвежанецот.
Планот понатаму бил да се “ослободат“ од Меси и Нејмар, а во средниот ред да ангажираат неколку квалитетни играчи за врска, и со таков тим следната сезона конечно да го освојат „ушлето“ во ЛШ.
Сепак, за ова се прашува и Дон Флорентино Перез. Секако дека Реал Мадрид нема да седи со скрстени раце. Посебно ако се знае дека и Халанд и Мбапе се големи желби на “кралевите“.