Попладнево од 14 часот на програмата се трите преостанати мечеви од 20.коло во ВМФЛ. Се разбира дека по она вчерашно реми без голови во супер – дербито во Охрид, меѓу Воска и Гостивар, сега на потег е Вардар. Имено во случај на триумф над Караорман, мечот се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, тогаш Вардар ќе има 49 бодови, два повеќе од Воска, четири од Гостивар и шест пред Пелистер. Сепак треба да се победи жилавиот тим на Караорман.
На останатите два меча се среќаваат Тетекс и Пехчево, како и Слова (В) и Беса.
ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Вардар – Караорман
Тетекс – Пехчево
Слога (В) – Беса
ВЧЕРА:
Пелистер – Охрид 3:0
Арсими – Детонит 0:1
Кожув – Борец 1:1
Беласица – Саса 2:0
Воска – Гостивар 0:0
ТАБЕЛА: Воска 47, Вардар 46, Гостивар 45, Пелистер 43, Детонит 36, Беласица 32, Охрид 29, Караорман 26, Беса 24, Арсими 24, Кожув 22, Пехчево 20, Саса 16, Слога (В) 13, Тетекс 11, Борец 2…бодови