Бразилскиот играч од средниот ред Касемиро ќе паузира четири натпревари во Премиер лигата поради црвениот картон добиен на дуелот со Саутемптон. Касемиро опасно стартуваше врз противнички играч во борба за топка, а судијата оцени дека тоа е потег за исклучување.
Со оглед дека на Касемиро тоа му е втор директен црвен картон сезонава, па ќе мора да паузира четири натпревари. Инаку тој доби црвен картон на дуелот со Кристал Палас на 4 февруари и тогаш паузираше два меча.
Денеска Касемиро го доби црвениот картон во 33 минута, а Манчестер Јунајтед одигра без голови на домашен терен со „светците“.
Интересно, Касемиро е првиот играч на Јунајтед со два црвени картони во една сезона во Премиер лигата, по Немања Видиќ во сезоната 2013/14.
FULL TIME! Man Utd remain third. Saints remain bottom.
Casemiro, meanwhile, is facing a four-game ban for his second sending off of the season…. 🟥 pic.twitter.com/ZvFNnnszRI
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) March 12, 2023
🚨Casemiro will now serve a FOUR MATCH BAN for this challenge 👀
It’s his second red of the season.#MUNSOU pic.twitter.com/NwIRoWcxbq
— 101 Great Goals (@101greatgoals) March 12, 2023