Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт е победник на неделниот натпревар од Светскиот куп чиј домаќин беше Холменколен, Норвешка.
Крафт победи убедливо откако направи скокови од 130,5 и 131,5 метри. Севкупно, Австриецот собра 266,1 бод, што беше речиси десет повеќе од второпласираниот, Словенецот Анже Ланишек.
Инаку, Ланишек ден претходно славеше на скокалницата во Холменколен. Денеска третото место го освои Полјакот Давид Кубацки.
Норвешката турнеја продолжува за скокачите и следната недела во вторник и четврток со натпревари во Лилехамер.