Неверојатна сцена на СП – Електричар во три потези го исфрли МВП играчот вреден 30 милиони долари

186

Во спортот сме виделе неверојатни сцени, како помалиот го победува поголемиот, пред неколку денови бевме сведоци како Фарските острови го поведија поранешниот светски првак Романија, а на СП во бејзбол се случи нешто слично. Електричар го исфрли од игра некогашниот МВП на американската МЛБ лига.
Чешка се соочи со Јапонија предводена од Шохеи Охтани кој е пичер на Лос Анџелес Ејнџелс.

Охтани во 2021 година беше прогласен за најдобар играч на МЛБ лигата, што значи дека е меѓу најдобрите играчи на светот, а сега во меч од второто коло беше исфрлен од игра од аматер.

Чехот Ондреј Сатори, чија професија е електричар, а бејзбол игра од љубов успеа да му „протне“ три топки на Охтани и да го елиминира од инингот, притоа фрли топка со речиси 120 километри на час.
Охтани има договор за 2023 година вреден 30 милиони долари. Чешка го изгуби мечот со Јапонија со 10-2 меѓутоа ќе остане како сеќавање овој момент.

ПретходноФантастична серија на Олимпијакос – ја запишаа 50. едноподруго победа
СледноФудбалери на Кадиз го нападнале и пцуеле судијата, голманот се соочува со суспензија од 12 меча!