Денеска од 14 часот се играат четири средби од 23.коло во ПМФЛ или прво во третиот круг сезонава. Дербито се игра на Чаир, и тоа меѓу Шкупи и Работнички. Дуел на сегашниот и екс- шампионот на Македонија. Ова ќе биде и битка за Скопје.
Шкупи по цели четири месеци се враќа на Чаир, истече казната и сега до крајот на сезоната ќе ја “брка“ титулата на својот стадион кога ќе игра како домаќин а не во Кичево каде што играше досега.
Шкупи сака и прекин на лошата серија, имено на последните три меча момците на тренерот Седлоски освоија само еден бод.
Работнички има квалитет да изненади, но Работнички е тим кој може и непријатно да изненади. На последниот меч на Чаир тимот од Градски парк прими пет голови.
Лидерот Струга ТЛ по само две недели одново ја дочекува Македонија ЃП. Тогаш со тие 0:0, и два промашени пенали на Ибраими, му пресудија на екс – стратегот Срѓан Захариевски. Ќе видиме како денеска ќе одиграат момците на новиот стратег Шпетим Дуро.
Брегалница има одлични резултати оваа пролет, но Брегалница под водство на Горан Здравков не само што нема победа дома, реми со Скопје и Шкендија, туку нема постигнато ниту гол. Денешниот меч со Победа е супер – шанси “сините“ да покажат дека знаат да победуваат и дома, а не само на гости и со тоа да ги израдуваат уште еднаш своите фанови.
Шкендија пак под Шара ја чека тешка задача. На гости доаѓа забревтаната екипа на А. Пандев, во секој случај се очекува на овој меч атрактивна и отворена игра со многу голови.
Вчера, на “отворањето“ на 23.коло, Силекс со 3:1 го победи Скопје, Тиквеш во ова коло е слободен.
ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Струга ТЛ – Македонија ЃП
Шкупи – Работнички
Шкендија – А. Пандев
Брегалница – Победа
ВЧЕРА:
Силекс – Скопје 3:1
Тиквеш (слободен)
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 42, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 35, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, А. Пандев 19, Скопје 14, Победа 13…бодови