Иако речиси се беше готово да остане барем уште две сезони во ПСЖ, сега работите се малку поинакви. Се разбира дека станува збор за Лео Меси. Можеби по се она што се случува со светците во 2023 година како и тие по малку да се “оладија“ во врска со Меси.
Сепак, не е тајна дека Лео и тоа како е исплатлив финансиски за ПСЖ, па пребогатите катарци го сакаат и натаму во своите редови.
А и на него му се игра сеуште врвен фудбал.
Токму затоа тој им поставил два услови на газдите на ПСЖ, ако ги исполнат тогаш нема проблем тој да остане во Париз.
Првиот е минимална плата од 40 милиони евра нето годишно и ветување дека и натаму ќе биде еден од неприкосновените во тимот, се разбира заедно со Килијан Мбапе.