Завршија првите полувремиња од четирите денешни средби од 23.коло во ПМФЛ. Во дербито, во битката за Скопје на Чаир, Шкупи игра без својот стратег Гоце Седлоски на клупата кој е под суспензија, и води против Работнички со 3:1 иако реално требаше да биде барем 5:1. Едноставно враќањето на Чаир и тоа како му одговара на шампионот кој просто го “толчи“ тимот од Градски парк.
Бајрами, Куевен и Цефас беа стрелците за Шкупи, а за Работнички на 1:1 израмни Мазари.
Брегалница со головите на Додев и Мојсов уште во 12.минута дојде во водство од 2:0 против слабата Победа.
Чинари стрелец на два гола за водство на Шкендија од 2:0 против А. Пандев, а во Струга на мечот меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП нема голови, мрежите мируваат.