По 525 денови го победи ракот, па се најде во тимот и славеше триумф над Ливерпул!

408

Навистина неверојатна приказна доаѓа од Англија. Вчера Борнмут го победи Ливерпул со 1:0, но сепак херој беше Дејвид Брукс (25), кој беше на клупата на домашниот тим.

Имено Велшанецот по цели 525 денови борба со ракот, истата ја доби и вчера се најде во составот на својот тим и од клупата ги бодреше своите соиграчи. Тие играа за него, и го победија Ливерпул за него.

Прашање на ден е кога тој ќе се најде на терен во дресот на Борнмут на официјален меч.

Инаку во октомври 2021 година него му беше дијагностициран рак на лимфниот систем, но ете, младиот фудбалер успеа да ја добие најтешката битка во својот живот.

ПретходноФиорентина фати ритам, запиша петта победа по ред
СледноКасемиро четири меча на „ладење“