Промени во составот: Лазаров одбра за реваншот со Португалија!

738

Македонската ракометна репрезентација денеска (18:30 часот) го игра реванш мечот со Португалија во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година. Нашите момци во Скопје беа поразени со 23-29, резултат кој не ја дава вистинската слика од теренот.

Селекторот, Кирил Лазаров за оваа средба направи промени во составот. Шанса ќе добијат Аларов и Младеновиќ, додека отпаѓаат Мишевски и Цветан Кузманоски, двајцата играа во Скопје.

Македонија е втора во својата група зад Португалија, пласманот на ЕП 2024 година теоретски е обезбеден, треба победа за потврда на истиот и освојување на второто место во групата.

ПретходноБаерн ги победи во голијадата, па по мечот го „пецнаа“ ПСЖ!
СледноСкандалозно: Поранешен УФЦ борец го обвини Леброн дека користи допинг! (ВИДЕО)