Сагосен ја наполни мрежата на Србите, Турција се изедначи бодовно со Македонија

351

Низ Европа се играат квалификациски натпревари за ЕП, а во групата 1 во која е и Македонија, репрезентацијата на Турција го совлада Луксембург со 31-20 и стигна до четири бода исто колку што има и Македонија, а ние имаме да го одиграме мечот со Португалија во гости.

Во групата 2 Норвешка ја демолира Србија со 35-25 предводена од Сандер Сагосен кој беше незапирлив на овој меч. Норвешкиот ракометар постигна 12 гола, а запиша и шест асистенции. Норвешка е прва во групата со 6 бода исто толку има и Србија, а по два имаат Словачка и Финска.

РЕЗУЛТАТИ
Летонија – Италија 23-29
Литванија – Грузија       35-27
Унгарија – Швајцарија  36-27
Словачка – Финска        32-25
БиХ – Косово    25-18
Грција – Белгија              26-24
Исланд – Чешка              28-19
Израел – Естонија          29-27
Норвешка – Србија        35-25
Турција – Луксембург    31-20
Подоцна играат
Португалија – Македонија
Словенија – Црна Гора
Хрватска – Холандија

 

ПретходноСевиља ја совлада Алмерија и се оддалечи од опасната зона
СледноПОЛУВРЕМЕ: „Данокот“ на неискуството – Македонија го плати со негатива од четири гола!