Екипата на Сасуоло славеше со 4:3 на гостувањето кај Рома во 26.коло на Серија А. „Волчицата“ не ја оправда фаворитската улога на овој меч, а беше предводена од Фоти поради суспензијата на Мурињо па се посрамоти пред своите навивачи.
Лориенте со два гола донесе предност на Сасуоло со 0:2, следуваше гол на Залевски за 1:2. Во 45 минута Кумбула направи неспортски потег поради што доби црвен картон, а Сасуоло пенал кој успешно го изведе Берарди.
Во 51 минута Дибала со убав погодок намали на 2:3, а Пинамонти во 75 минута ја зголеми предноста на Сасуоло. Во финишот Вајналдум со првиот гол во дресот на Рома го постави конечниот резултат 3:4.
Тоа е втора победа на Сасуоло над Рома во Серија А, а прва на „Олимпико“. Претходната беше во февруари 2020 година на својот стадион „Мапеи“.
Сасуоло е на 13 место на табелата со 33 бода со девет победи, шест ремија и 11 порази, додека Рома е петта со 47 бода со скор 14 победи, 5 ремија и 7 порази и не успеа да ја искористи шансата да ги претекне Милан и Лацио и да се искачи на третото место.
🔴 La reazione che porterà all’espulsione è figlia di una bella ravanata di palle, #Berardi ha ottenuto quello che voleva. #RomaSassuolopic.twitter.com/aU4tVeS86w
— 🚨 Magnum 🇮🇹🏆 (@M1_Magnum) March 12, 2023
Kumbulla che scambia Berardi per la palla.
Mio fratello.#RomaSassuolo pic.twitter.com/XZ3bsX2hRs— Richi – Smoking Bianco 🔴⚫️ (@musagete10) March 12, 2023