Некогашниот тренер на Силекс и Вардар, Горан Симов, ќе седне на кормилото на Македонија Ѓорче Петров, дознава СПОРТМЕДИА.
По заминувањето на Бајрами, ѓорчепетровци се во потрага по ново тренерско решение, а Симов во моментов е пред промоција која ќе се случи во текот на наредните денови.
Македонија ЃП денеска успеа да остане непоразена на гостувањето кај лидерот Струга ТЛ и се уште се држи во средината на табелата во ПМФЛ.