Скандалозно: Поранешен УФЦ борец го обвини Леброн дека користи допинг! (ВИДЕО)

214

Познато е дека и покрај возраста, има веќе 38 години, Леброн Џејмс сеуште важи за еден од најдобрите кошаркари во светот. Тој објаснува дека тоа е така поради напорните тренинзи, неговите фанови го величат, но има и такви кои велат нешто друго.

А еден од тие е Шаел Сонен, поранешен УФЦ борец, кој го обвини Леброн дека користи допинг и затоа е во врвна форма и покрај годините.

Го имаме тој човек. Јас точно знам што зема Леброн. Тоа е ЕПО, супстанца која ги зголемува црвените крвни зрнца во крвта и ти помага без проблем да ги издржиш сите напори во текот на еден натпревар. Другите кошаркари знаат што користи Леброн, но велат дека тоа не е важно. Но, ЕПО е важно, затоа Леброн го користи“ рече покрај другото Сонен.

 

ПретходноПромени во составот: Лазаров одбра за реваншот со Португалија!
СледноСпалети за мајсторијата на Квича: Се осмелувам да го споредам со Марадона!