Со уште една победа над Црна Гора, ракометната репрезентација на Словенија го завери своето место на Европското првенство во Германија во 2024 година. Во четвртокот во Подгорица Словенците победија со 32:29, а вечерва славеа и на реваншот на домашен терен со 37:30.
Словенија во есенските квалификации прво ја совлада Босна и Херцеговина со 28:20 во Марибор, а потоа Косово со 29:24 во Приштина. За крај ја очекуваат уште два меча, најпрвин на 27 април во Чазин против БиХ, а три дена подоцна ќе го пречекаат Косово во Велење, но и двата меча нема да имаат никаква важност за првото место во групата.