Со месеци се чекаше моментот, Вардар повторно е прво место

1682

Екипата на Вардар предмалку со 4:1 го совлада тимот на Караорман на домашен терен, и на тој начин со освоени 49. бода успеа самостојно да застане на табелата во ВМФЛ шампионатот.

По ремито помеѓу Воска и Гостивар, јасно беше дека Вардар доколку денеска успее да освои три бода ќе биде лидер на табелата.

Тоа на „црвено – црните“ им појде од рака, затоа што рутински триумфираше со головите на Николовски, Јаневски, Размовски и Митев

Пеналот досуден во првите десетина минути врз Размоски го реализираше Кристијан Николовски, за веќе во следниот напад Филип Јаневски со одмерен удар зголеми на 2:0.

Мирот во играта на домашните го разнебити автоголот на Ненад Мишковски, со кој тимот на Караорман намали на 2:1. Сепак, во вториот дел, Размоски, а потоа и Роберт Митев ги поставија конечните 4:1.

Резултати:

Вардар – Караорман 4:1

Слога – Беса 0:1

Тетекс – Пехчево 1:0

ПретходноСе јавил во Мадрид за да им побара дефанзивец, после 48 часа повторно седнал на клупата на Реал!
СледноПМФЛ: Шкупи е “главен“ во Скопје, лидерот пак одигра 0:0 со Ѓорче, моќна Брегалница, Чинари ги победи “пандевци“!