Фантастична серија на Олимпијакос – ја запишаа 50. едноподруго победа

82

Кошаркарите на Олимпијакос остварија несекојдневен рекорд со тоа што ја забележаа 50.едноподруго победа во Грција. Тоа значи дека немаат пораз во домашното првенство, Суперкупот и националниот Куп уште од ноември 2021 година кога ги совладал Панатинаикос. Од тогаш „црвено-белите“ ги збришаа сите противници кои им се најдоа на патот.

Олимпијакос е неприкосновен во домашното првенство, минатата сезона рутински ја освоија титулата со што го прекинаа шестгодишниот пост. Сезонава имаат 17 победи, а исто така се одлични и во Евролигата каде се први на табелата со 20 победи по 28 меча.

 

ПретходноОсмани по победата над А. Пандев: Победа во тежок натпревар
СледноНеверојатна сцена на СП – Електричар во три потези го исфрли МВП играчот вреден 30 милиони долари