Јунајтед нема лек за Саутемптон, Арсенал не застанува (ВИДЕО)

282

Екипата на Манчестер Јунајтед на домашен терен попладнево не успеа да слави во дуелот против Саутемптон и одигра само 0:0. Против противник со кого очигледно има голем проблем затоа што Саутемптон на последните десет гостувања на Олд Трафорд седум пати остана непоразен.

Голем удел во овој кикс на Јунајтед имаше и црвениот картон на Касемиро, уште во првото полувреме, по што на домаќинот не ми беше лесно да одигра со играч помалку.

Од друга страна Арсенал на гостувањето кај Фулам успеа да слави со убедливи 0:3. Уште во првиот дел, погодија Габриел, Одегард и Мартинели по што работите беа јасни.

Тимот на Вест Хем пак не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра само 1:1, против Астон Вила. Гостите поведоа преку Воткинс, израмни, Бенрама.

ПретходноЗдравков со деби победа во својот Штип: Честитки за момците, така се игра за Брегалница!
СледноФиорентина фати ритам, запиша петта победа по ред