Голден Стејт во продолжение го победи Милвоки (ВИДЕО)

68

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт го победи Милвоки Бакс, шампионот од 2021 година со резултат 125:116. Вориорс до овој триумф дојде после продолжение откако регуларниот дел заврши со резултат 111:111.

Кај домашните најдобар играч беше Стеф Кари, кој постигна 36 поени. Дополнително, додаде шест скока и четири асистенции, а погоди шест од 15 шута од зад линијата за три поени. Клеј Томпсон постигна 22 поени. На другата страна гостите беа без помошта на Јанис Адетокумбо. Во негово отсуство Мидлтон запиша 19 поени.

Резултати: Мемфис – Далас 112-108, ЛА Клиперс – Њујорк 106-95, Шарлот – Јута 111-119, Детроит – Индијана 115-121, Орландо – Мајами 126-114, Атланта – Бостон 125-134, Хјустон – Чикаго 111-119, Њу Орлеанс – Оклахома 96-110 и Феникс – Сакраменто 119-128.

ПретходноЏорџина со комплимент за Роналдо: Најубавите нозе во светот!
СледноПМФЛ: Битка за Скопје на Чаир, лидерот против “лавовите“, штипјани сакаат домашен триумф, Шкендија ја дочекува А. Пандев