Добра вест за Реал: Бензема ќе игра против Ливерпул

95

Карим Бензема ќе може да игра за Реал (М) во среда на дуелот со Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Според новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана, Французинот тренирал со соиграчите и ќе биде достапен за да биде вклучен во списокот на Анчелоти за мечот в среда.

Истото важи и за дефанзивецот Ферланд Менди, кој беше надвор од терените месец и половина.

Дефанзивецот Давид Алаба, напротив, нема да може да игра во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, иако се чувствува подобро.

ПретходноБарса го преживеа „Сан Мамеш“, ВАР поништи гол за Билбао во 90. минута (ВИДЕО)
СледноЊујорк по четири години за првпат ги победи ЛА Лејкерс на гости (ВИДЕО)