Одличен настап, убедлив триумф и тоа со 4:0 против Победа. Ова беше прва победа на Бргалница на свој терен, деби победа на тренерот Горан Здравков во својот Штип, по тие ремија со Скопје и Шкендија.
Па така сега откако го презеде тимот на Брегалница, Здравков има три победи и две ремија на тие пет средби, без пораз. Ако сега правиме пролетна табела тогаш штипските “сини“ се први на неа.
„Секако дека сум задоволен. Честитки за момците, одигравме навистина добро. Да се победи на една средба со 4:0 секако дека не е мала работа. Уверен сум дека сме на добар пат. Можеби резултатот кажува нешто друго, но не беше баш така лесно. Сепак бевме на своето ниво и заслужено победивме и ги израдувавме уште еднаш нашите фанови“ изјави за “Спортмедиа“, стратегот на Брегалница, Горан Здравков.