Правилата секој мора да ги почитува.
Англискиот Барнли, за кој игра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, ја информираше јавноста дека добиле трансферно ембарго од страна на Англиската фудбалска лига. Причината за оваа одлука лежи во тоа што Барнли не ги доставил на време финансискиот извештај до Финанското регулаторно тело на Англиската лига поради што експресно му е изречена забраната.
Од клубот излегоа со соопштение:
„Поради смената на ревизорите го пропуштивме рокот за поднесување финансиски извештаи. Сепак, ги следевте сите чекори и ќе ја средиме состојбата наскоро“.
Тие додаваат дека ембаргото ќе биде спуштено во наредниот месец.
What’s all this about #twitterclarets #UTC pic.twitter.com/V7DFypnEVs
— Jonathan Ashley (@BurnleyUTC) March 12, 2023