И дефинитивно Џа Морант, мега – ѕвездата на НБА тимот Мемфис Гризлис го допре дното. Откако беше суспендиран од својот клуб поради појавување во јавност со пиштол, сега медиумите во САД му “извадија“ нова афера.
Имено младиот Морант (23) кој е блескав кошаркар и има договор вреден 193 милиони долари, неодамна правел лудории во еден стриптиз бар во Денвер. Се точело со литри алкохол, имало расфрлени пари по подот низ цела просторија а неколку танчерки го забавувале младиот спортист.
Е, па, така е тоа….кога некој ќе ти даде 193 милиони долари просто збеснуваш.
На крај, како врв на се, Морант се “истакнал“ оставајќи бакшиш од 50.000 долари.