Македонија поразена и на реваншот во Португалија!

899

Португалија – Македонија 32-27 (15-11) 

Македонија: Митревски, Томовски, Велковски 1, Ѓоргиев 1, Митев 1, Маркоски, Кузмановски 10, Костески 3, Младеновиќ, Јагуриноски 2, Џонов 2, Стојковиќ 2, Аларов, Петар Атанасијевиќ, Серафимов 5, Петров.  

Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за ЕП 2024 година, откако беше поразена и на реваншот кај Португалија со 32-27 (15-11).

Данокот на неискуство и неиграњето на Манасков, Талески, Пешевски и Георгиевски, на овие два меча се почувствува во моментите кога се кршеше резултатот. На една помладена Македонија и беше потребна инјекција токму од ваков калибар на играчи. Па на крајот останува сите да жалат што не им пружија рака на помладите и се повлекоа за овие два меча. Првиот на домашен терен ќе го имавме во наши раце. Но, ништо не е загубено, следат мечевите со Турција и Луксембург, каде ќе се бара потврда на местото на ново Европско првенство.

Томовски запиша седум одбрани, Кузмановски беше прв стрелец со десет гола, зад него беше Серафимов со пет.

Одлични 27. минути на избраниците на Кирил Лазаров и три лоши минути во првото полувреме кои една репрезентација како Португалија ги претвори во предност од четири гола (15-11) на одморот. Густаво, голманот на домашниот состав беше одличен, имаше седум одбрани.

Македонија отвори со 1-3 со головите на Кузмановски, Јагуриноски и Костески, па влезе во криза од шест минути во која не реализираше од седум метри, направи технички грешки, доволно за да противникот поведе со 5-3. Иако се мачевме сепак го најдовме патот кон кам-бек во мечот, со два гола во низа на Серафимов, нашата селекција поведе со 7-8. Оваа предност Македонија ја одржуваше до 25 минута, наместо плус два, падна концентрацијата, а Португалија со серија од 8-0 на полувремето зголеми на 18-11 на стартот на вториот дел.

Серафимов со четвртиот гол ја прекина серија на противникот (18-12), ова беше прв погодок после седум минути. Токму тој го постигна последниот погодок во првото полувреме.

Митревски влезе во второто полувреме, но Лазаров одлучи да го врати Томовски. Португалија обезбеди предност од осум гола 22-14, која до крајот беше лесно да се одржи. Нашите ракометари успеаја да дојдат до пет гола, на средината на ова полувремето беше 23-18. До крајот беше само чиста формалност.

Македонија останува втора на табелата, дали ќе остане таму останува да биде познато во април кога ќе ги одигра реваншите против Турција на домашен терен и Луксембург на гости.

ФОТО: portal.fpa.pt

ПретходноСасуоло со прва победа над Рома на „Олимпико“
СледноКрафт најдолго во Холменколен