МЗТ Скопје не знае да победува на гости, Мега се реваншираше во незгодно време (ФОТО)

98

МЗТ Скопје не успеа да дојде до првата и важна гостинска победа оваа сезона, кај Мега беше совладан со 93-86 во рамките на 21 коло во АБА-лига. Со вакво сценарио од Белград, актуелниот македонски првак ќе има навистина тешка задача за опстанок во јадранското натпреварување.

Кефи беше прв стрелец имаше 18 поени, зад него беше Абу со 17 поени, 15 поени запиша Кук. Ѓуришиќ постигна 20 поени, еден помалку имаше Рудан.

Српскиот тим ги реши во две четвртини, прво во втората преку центрите, а потоа во третата со шутеви за три поени, погоди седум. Индивуалноста, претежно на странските кошаркари, овој пат не вроди плод.

Ефективна прва четвртина одиграа двата тима, особено македонскиот првак, кој трпеливо ја чекаше својата шанса некаде кон вториот дел од овој период со тројката на Дамјан Стојановски и двата поени на Кук, поведе со 18-26 во деветата минута. Оваа четвртина заврши со пет коша разлика во корист на МЗТ Скопје. Мицовиќ беше стрелец на осум поени.

Кук со тројка ги врати највисоките плус осум во овој дел од мечот (22-30). Сепак домашниот состав успеа да ја надокнади негативата со серија од 11-3 поведе со 37-35 во 15 минута. Мега ја најде слабата точка на македонскиот првак, одбраната под обрачите беше ранлива (Ѓуришиќ и Роган имаа голема комоција), па негативата беше .42-37 МЗТ Скопје покрај одбраната, имаше проблем со реализацијата со три поени. Оваа четвртина домаќинот ја доби со 26-15 и на одморот замина со резултат (48-42).

Со тројките на Ѓуришиќ (плус едно слободно) и Ускоковиќ, Мега за минута и пол поведе со плус 13 (55-42). Дамјан со втората тројка го прекина налетот на противникот, по една брканица на теренот Кук намали на 55-46. Тоа не беше доволно бидејќи одбраната не функционираше, противникот лесно го полнеше кошот на македонскиот првак, овој пат од надворешните позиции, постигна седум тројки во третата четвртина. Дамјан со два поени пред стартот на последните седет минути намали на 76-44.

Момците на Николиќ не се откажаа, со серија од 9-0, МЗТ Скопје намали на 76-71 по минута и пол. Негативата се движеше до осум поени, на македонскиот тим му беше потребна нова серија и добра одбрана. Мега пак дојде на двоцифрени 86-76. „Сино-белите“ се обидоа со тројки да приредат пресврт, но ништо не одеше од рака. На крајот поразот е заслужен, а патот до опстанокот уште потежок.

 

ПретходноПознато е што бара Меси за да остане во ПСЖ!
СледноОдермат е светски шампион во велеслалом