МЗТ Скопје и натаму е без победа на гостински терен. Актуелниот македонски првак не успеа да дојде до целиот плен против Мега МИС, беше совладан со 93-86, за 11. гостински пораз, вкупно 17-ти оваа сезона. Со скор од уште четири победи остана на последното место во АБА-лига кое не носи опстанок.
По мечот Драган Николиќ потенцира дека неговиот тим изгледал неискусни против најмладиот состав во АБА-лига. И покрај поразот, предводникот на МЗТ Скопје верува дека ќе успеат во тешките битки што следат да дојдат до место кое ќе ги остави во јадранското натпреварување.
„Мечот беше квалитетен за гледање, излезе дека ние сме неискусна екипа во однос на најмладата екипа во лигата. Во втора четвртина не само што не дојдовме до одредениот број на поени, туку и го разигравме противникот. Во нападот не испочитувавме добро тоа што беше договорено, сето останато изгледаше подобро. Што се однесува за шутот за три поени не погодивме чисти поени. Мега имаше 22 слободни фрлања, делуваа како да се поискусни. Во третата четвртина погодија многу тројки, имаа решение за сите наши ситуации. Исто во последната четвртина не казнуваа, немаше комуникација во одбрана, лесно доаѓаа до поени. Ќе жалиме за овој меч како за други. Имаме три меча на домашен терен и два на гостински терен, нема да се откажеме, ова денеска не беше доволно за најважното – гостинска победа“, изјави Николиќ.