Шкендија денеска со 2:1 славеше над Академија Пандев во новото коло од ПМФЛ. Тетовци дојдоа до 10-та сезонска победа, и се доближија на 5 бода до лидерот Струга.
Тренерот на тетовци, Ќатип Османи, по средбата изјави:
„Секако дека сите сме задоволни. Иако ова беше тежок натпревар, со ривал кој имаше многу нови играчи купени оваа зима и евидентно е дека изградија квалитетен тим. Сепак, мислам дека соодветно одговоривме на она што го бараше овој натпревар и заслужено го добивме. За разлика од минатата полусезона, сега инсистираме да постигнеме гол што е можно порано за да дадеме сигурност во играта“.