ПМФЛ: Шкупи е “главен“ во Скопје, лидерот пак одигра 0:0 со Ѓорче, моќна Брегалница, Чинари ги победи “пандевци“!

841

Се одиграа сите четири денешни средби од 23.коло во ПМФЛ. Во дербито на Скопје, кое се одигра на Чаир, Шкупи со 3:1 го победи Работнички. Се што беше интересно се случуваше во првиот дел кога резултатот беше 3:1, во вториот дел чаирчани одиграа рутински. Работнички по обичај кога игра против Шкупи си губи убедливо. Бајрами, Куевен и Цефас беа стрелци за шампионот, додека Мазари успеа во 14.миниута да израмни, но тоа само како да ги налути фудбалерите на Шкупи.

Струга ТЛ пак не успеа да ја победи Македонија ЃП, исто како и пред две недели, одигра само 0:0. Имаше лидерот неколку шанси и зицери, но гостинскиот голман Стевковски буквално бранеше се. Па така лидерот загуби два златни бода во битката за титулата, сега има само +2 пред Шкупи.

May be an image of 3 people, people standing, people playing football and grass

Моќно издание на Брегалница која со 4:0 просто ја декласира Победа. Ова беше прва победа на “сините“ на свој терен оваа пролет, и тоа каква. Николов беше двоен стрелец, а претходно стрелаа и Додев и Мојсов. И дефинитивно Брегалница со Горан Здравков на клупата е силна, моќна екипа.

May be an image of 5 people, people playing sports and outdoors

И под Шара, со двата гола на Ералдо Чинари екипата на Шкендија ја победи А. Пандев со 2:1. Убав меч, две разиграни екипи, се играше отворен фудбал. Чинари стрелаше во 33. и 45.минута за 2:0 за Шкендија, Ергимлидзе намали во 65.минута за конечни 2:1.

РЕЗУЛТАТИ – 23.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 4:0

(Додев 3., Мојсов 12., Николов 61., 67./)

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ 2:1

(Чинари 33., 45.,/Ергемлидзе 65.)

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:1

(Бајрами 11., Куевен 33., Цефас 37./Мазари 14.)

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:0

ВЧЕРА:

СИЛЕКС – СКОПЈЕ 3:1

(Катаниќ 9., Ѓорѓиевски 76, 90+3./Хајдари 53.)

ТИКВЕШ (слободен)

ПретходноСо месеци се чекаше моментот, Вардар повторно е прво место
СледноКикс на Сосиедад кај Мајорка