Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Португалија на гости во рамките на квалификациите за ЕП 2024 има негатива од 15-11. И на оваа средба неискуството на нашите млади играчи е најголемиот непријател, повторно одиграа солидно, цврсто во одбрната, но не ги искористија максимално своите шанси.
Томовски запиша четири одбрани, Кузмановски има три гола исто колку и Серафимов. На другата страна голманот на Португалија, Густаво има седум одбрани.
Избраниците на Кирил Лазаров добро влегоа во мечот со головите на Кузмановски, Јагуриноски и Костески поведоа со 1-3 во шестата минута. Но, наеднаш застанаа. Промашен седмерец, неколку технички грешки, одбрани на расположениот Густаво на Португалија и донесоа плус два 5-3.
Јагуриноски беше првиот ракометар кој успеа да ја погоди мрежата на противникот после шест минути. Противникот остана со играч помалку, а Македонија поради свои грешки не успеа да изедначи. Ова нешто подоцна го стори Кузмановски со вистинска бомба, а потоа Митев, изедначија на 6-6 во 18. минута.
Две минути подоцна, штотуку влезениот Серафимов со два гола донесе ново водство на Македонија (7-8). Од овој момент, мечот влезе во игра гол за гол. Со тоа што предноста од еден гол ја имаше токму нашата селекција. Во 25. минута наместо „црвено-жолтите“ да дојдат на плус два, влегоа во серија на грешки, кои Португалија ги казни дојде на плус четири 15-11.