Екипата на Севиља освои драгоцени бодови во борбата за опстанок во Ла Лига. Денеска на „Санчез Писхуан“ ја совлада Алмерија со 2:1 и направи скок дури на 13.место на табелата по 25 одиграни кола.
Севиља имаше два порази во низа, од Осасуна на домашен терен (2:3), а посебно беше полен оној од Атлетико Мадрид со 6:1 минатото коло. Вечерва успеа да го победи директниот конкурент за опстанок и да ја забележи седмата победа сезонава (има 28 бода на табелата).
Алмерија сега падна на претпоследното место (има 25 бода).
Инаку Алмерија поведе со голот на Акиеме по 100 секунди игра што претставува најбрз гол на оваа екипа на гостувањата во Ла Лига. Изедначи Лукас Окампос од пенал пред крајот на првото полувреме. За него тоа е 10-ти погоден пенал (од 11 обиди) во дресот на Севиља со што е на делба на третото место (со Жулио Баптиста) по број на погодени пенали за оваа екипа во најсилната шпанска лига. Пред него се Негредо (11) и Кануте (13).
Во 73.минута победата за Севиља ја донесе Ерик Ламела, кој влезе во игра во второто полувреме.
Претходно Мајорка и Сосиедад одиграа 1:1.