Наполитанците се во еуфорија. По нешто повеќе од три децении титулата е на дофат, а тоа што синоќа го видоа од еден играч на својот Наполи, го немаа видено уште од времето на Диего Армандо Марадона.
Се разбира дека станува збор за голот на Квича Кварацкелија, мајсторијата, ремек – делото на Грузиецот.
По тој гол наполитанците веднаш госпоредија Квича со Диего.
Тоа нешто го направи и тренерот на идниот шампион на Италија, Лучано Спалети:
„Да, се осмелувам да го споредам со Марадона. Голот на Квича е достоен за Диего. Ова не е нешто што така лесно го говорам, се знае кој е Марадона. Сепак Кварацкелија има нешто што ретко кој фудбалер го има во себе во денешно време. По она што тој го направи и дефинитивно можеме да се повикаме на името на најголемиот што светот го видел досега“ одушевен беше и Спалети.