Уникс им врати на победите, 10 асистенции и 7 поени за Димитријевиќ

114

Уникс Казан за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитијевиќ им се врати на победите, откако на домашен терен ја совлада МБА Москва со 73-58 во ВТБ-лигата.

Уникс мечот го отвори со 18-8, на одморот позитивата беше 34-25. Тимот на македонскиот репрезентативец без големи проблеми го приведе дуелот во своја корист.

Димитријевиќ имаше интересен учинок, постигна седум поени, но подели 10 асистенции. За 32 минути додаде два скока и една украдена топка, но и пет загубени.

ПретходноСимов пред промоција во Ѓорче
СледноЈувентус подобар од Сампдорија, Влаховиќ промаши пенал (ВИДЕО)