Пол Погба вчера повторно не беше дел од тимот на Јувентус за мечот во Серија А против екипата на Сампдорија. Тој е надвор од терените цела сезона, но успеа да се врати на терените на крајот на февруари. Сепак, според тренерот на Јуве, Алегри, тој повторно се пожалил на повреда вчера непосредно пред мечот со Сампдорија.
„Мојата идеја беше да му дадам на Рабиот 60 минути, а на Погба 30, но тој се повреди. Погба утрово изведуваше слободни удари и чувствуваше болка во препоните. Утре ќе има тестови, но сигурно нема да биде со нас во четврток и следната недела. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со него по репрезентативната пауза“, изјави Алегри.
Погба оваа сезона забележа само два настапи за Јувентус.