Британски „Телеграф“ пишува: Клоп сака на лето да го продаде Салах!?

252

Британски „Телеграф“ денеска излезе со информација дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сериозно размислува за сериозни играчки промени во тимот на крајот на сезоната. Една од опциите кои Клоп ги разговарал со сопствениците на клубот е и продажба на Мохамед Салах, што изгледа малку веројатна, особено по последните изјави на агентот на фудбалерот дека Египќанецот сигурно останува на „Енфилд“ и следната сезона.

Наводно, Клоп е свесен дека Салах повеќе не е во своите најдобри денови и дека клубот треба да искористи една од последните можности да го продаде за да заработи огромна сума на пари кои би можеле да ги вложат во нови засилувања.

На „Енфилд“ сега е јасно дека и Роберто Фирмино среќата ќе ја бара во друг клуб на крајот од сезоната. Клоп затоа сака да доведе помлади играчи и за таа цел треба да се ослободи од уште два-три играчи од поискусните.

Салах има договор со „црвените“ до летото 2025 година.

ПретходноСкандалите во Шпанија никако да запрат: Судија го обвини Перез дека го заклучил во соблекувалната
СледноМеси веќе добил понуда: Дали љубовта кон Барса ќе биде поголема од парите?