Жешка е клупата во ПМФЛ: Само во Силекс немаше тренерска смена во текот на оваа сезона!

884

Се чини дека најтешката работа во мак-фудбалот е да си тренер. Кај се нема пари да те платат како што треба, па уште те менуваат или ти сам си одиш и тоа наголемо што се вели. По најновите тренерски смени во Струга ТЛ, Скопје и Македонија ЃП, сега и дефинитивно може да кажеме дека во изминатите 23.коло во оваа сезона во ПМФЛ, само во Силекс немаше тренерска смена. Горазд Михаилов ја започна сезоната, а како игра неговиот тим веројатно и ќе ја заврши како стратег на кратовци.

Сите останати 10 клубови направија смени, а последни беа стружани, потоа Скопје и “лавовите“ од Ѓорче.

Интересно, неколку клубови како на пример, Шкупи, Брегалница, Македонија ЃП, Работнички имаа по тројца кои го воделе тимот барем на еден меч во оваа сезона. И само во Шкупи има повратник на клупата, а тоа е Гоце Седлоски.

Струга ТЛ се раздели со Захариевски иако беше прва, се разбира дека голем дел од тие тренери кои не се веќе во клубовите каде ја почнаа сезонава и си заминаа, си дадоа оставки.

Сепак не веруваме дека во било која лига во Европа, се случило вакво нешто, да само еден клуб во изминатите 23.кола не направил тренерска смена од цела елитна лига, иако има време и Силекс тоа да го направи. Се разбира малку да се пошегуваме ако се знае што значи Михаилов тимот од Кратово.

Само за потсетување кој се ја започна сезоната: Срѓан Захариевски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири, Горазд Михаилов, Илчо Ѓорѓиоски,Влатко Костов, Муарем Бајрами, Љупчо Марковски,Ѓорѓе Стојчев, Славчо Георгиевски и Бобан Бабунски. Од нив тука се само Михаилов и Седлоски како повратник.

Во продолжение можете да ги видите сите тренерски смени во текот на оваа сезона во ПМФЛ.

КЛУБОВИ И ТРЕНЕРИ ВО ПМФЛ – СЕЗОНА 2022/23

СТРУГА ТЛ: Срѓан Захариевски/Шпетим Дуро

ШКУПИ: Гоце Седлоски/Тони Мегленски, Гоце Седлоски

ШКЕНДИЈА: Артим Шаќири/Ќатип Османи

СИЛЕКС: Горазд Михаилов

БРЕГАЛНИЦА:Илчо Ѓорѓиоски/Лазар Илиев/Горан Здравков

ТИКВЕШ: Влатко Костов/Ѓорѓи Мојсов

МАКЕДОНИЈА ЃП: Муарем Бајрами/ Тони Џангаровски/ Горан Симов

РАБОТНИЧКИ: Љупчо Марковски/ Стојан Игњатов/Милан Илиевски

А.ПАНДЕВ: Ѓорѓе Стојчев/Александар Васоски

СКОПЈЕ: Славчо Георгиевски/Мирсад Јонуз

ПОБЕДА: Бобан Бабунски/Благојче Дамевски

ПретходноТричко е новиот рекордер на АЕК Ларнака со 258 настапи! (ФОТО)
СледноГоран Симов: Убеден сум дека и како тренер на Македонија ЃП ќе го освојам пехарот во Купот!