За тренерот на Барселона, Чави Хернандез победата над Атлетик Билбао е една од најважните оваа сезона. Каталонскиот гигант успеа да ја преживее голготата на оваа средба во која противникот доминираше на терен, но Барса со голот на Рафиња дојде до победа и ја задржа предност од девет бода пред Реал Мадрид во Ла Лига.
„Оваа победа е вредна злато. Успеавме да ги задржиме тие девет бода предност. Влегуваме во „Ел Класико“ со голема самодоверба. Ја заслуживме оваа победа, имавме 2-3 чисти шанси. Најважно е дека делуваме смирено во дефанзивата, нешто што мора да го направиме и кога напаѓаме“, рече Чави.
На крајот, младиот стручњак додаде:
„Задоволен сум од ситуацијата во која се наоѓаме во моментов. Девет бодови пред актуелниот шампион и освојувач на Лигата на шампионите не се малку“, заклучи Чави.
Барселона победи на девет од последните десет натпревари во Ла Лига.