Албанците прашувале дали Лука Дончиќ би можел да игра за репрезентацијата на Косово!!!

3646

Лука Дончиќ, членот на Далас Маверикс, во моментов е еден од најдобрите кошаркари во светот, заедно со Никола Јокиќ секако дека е во ТОП-5 во моментов во НБА. Станува збор за мега – спортска ѕвезда во светот.

И кога е така, тогаш интересно е се што ќе се напише за него.

Инаку познато е дека по татко Лука е Србин по националност, по таткова линија неговото семејство потекнува од Косово. Братот на неговиот дедо сеуште живее на Косово, па дедо Стојан има што да каже:

Пред повеќе од четири децении мојот брат Србобран замина во Словенија. Познато е дека тој има син Саша, а од Саша го доби внукот Лука. Лука е наша гордост, не се фалиме многу дека тој ни е близок роднина, но затоа уживаме кога го гледаме како игра кошарка“ вели дедо Стојан.

Интересно, него соседите Албанци го прашувале дали Лука би сакал да игра за репрезентацијата на Косово со оглед на тоа дека од тука му е потеклото:

Да, тие што знаат дека тој ми е внук, постојано ме прашуваат дали Лука некогаш би можел да игра за Косово. Јас им велам – никогаш, можеби некогаш, но само под услов Косово да стане Америка. Па, Лука не игра за Србија туку за Словенија, зошто тогаш би играл за Косово?“ се прашува дедо Стојан.

Малку е познато во јавноста дека Лука има помал брат, се вика Вељко и игра ватерполо, а дедо Стојан за РТВ КИМ, продолжува со својата приказна за мега – старот на Далас.

Лука би сакал да дојде овде на Косово. Но, има забрана од неговиот клуб тоа да го стори. Се слушаме постојано,бидете уверени дека нема да умрам се додека не го видам мојот внук Лука како шутира на кош тука во нашиот двор на Косово“ потенцираше братот на дедото на Лука Дончиќ.

ПретходноКоментар на 23.коло: Брегалница си гази а “фалангата“ среќна…Шкендија се врати во “игра“ за титулата
СледноТричко е новиот рекордер на АЕК Ларнака со 258 настапи! (ФОТО)