Алегри потврди: Погба не игра затоа што повторно е повреден!

123

Пол Погба вчера повторно не беше дел од тимот на Јувентус за мечот во Серија А против екипата на Сампдорија. Тој е надвор од терените цела сезона, но успеа да се врати на терените на крајот на февруари. Сепак, според тренерот на Јуве, Алегри, тој повторно се пожалил на повреда вчера непосредно пред мечот со Сампдорија.

„Мојата идеја беше да му дадам на Рабиот 60 минути, а на Погба 30, но тој се повреди. Погба утрово изведуваше слободни удари и чувствуваше болка во препоните. Утре ќе има тестови, но сигурно нема да биде со нас во четврток и следната недела. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со него по репрезентативната пауза“, изјави Алегри.

Погба оваа сезона забележа само два настапи за Јувентус.

ПретходноНејмар планира да ја заврши кариерата во дресот на ПСЖ
СледноВТОРА ЛИГА: Работнички и Соколи остануваат во трката за второто место!